Колачи со чоколадо и портокал - совршен микс за незаборавен вкус

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (30 колачи)
200 г. брашно
1 лажичка прашок за пециво
100 г. шеќер
1 јајце
100 г. путер
20 г. какао во прав
1 лажица ликер
Рендана кора од портокал

 ПОДГОТОВКА:
Во  брашното измешајте од прашокот за пециво, додадете шеќер, парче путер и јајце. Брзо замесете глатко тесто и поделете го на два дела. Во едната половина ставете какао, рендана кора од портокал и ликер. Тестото оставете го во ладилник да се олади 30 минути.
Од темното тесто направете ролат со дијаметар од 2, 5 см. Чоколадниот ролат замотајте го со светлото тесто, оладете го 30 минути, исечете на кришки со дебелина од половина сантиметар, наредете во тепсија обложена со хартија за печење и печете во рерна загреана на 175 степени околу 15 минути.
Оладете ги кругчињата, посипете ги со шеќер во прав или украсете ги со суво овошје.

No comments :

Post a Comment