Швајцарски чоколадни коцки готови за 20 минути

Потребни состојки 
  • 2 јајца
  • 200 грама шеќер
  • 80 грама чоколадо за готвење
  • 140 грама мелени бисквити
  • 80 грама путер
  • 40 грама мелени ореви
Подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот и оставете смесата да се загрее на тивок оган. Потоа додајте го путерот во средината и мешајте додека смесата не се соедини.
Тргнете ја од оган и додајте ги мелените бисквити, чоколадото и мелените ореви. Мешајте убаво додека смесата не се соедини целосно, а потоа посипете во коцкасти калапи за колачи претходно обложени со хартија за печење.
Оставете да се печат на 180 степени околу 15 минути.
Откако ќе се испечат, извадете ги и наредете ги во чинија, па прелијте ги со стопено чоколадо.
За декорација може да ставите по еден цел орев, кокос или какао на секоја коцка.

Потопете Орео колачи во смеса за палачинки и ќе добиете нешто многу вкусно (видео)


4 чоколадни трикови за поголемо уживање во Нутелата (видео)


2 нови начини како да уживате во омиленото вино кога времето ќе затопли

1. Коктел со бело вино и сладолед
Измешајте половина чаша бело или пенливо вино со половина чаша сок од јагоди и додадете топка сладолед од ванила во средината.
2. Милкшејк од вино
Ставете 3 топки сладолед од ванила во една висока чаша и одозгора ставете кандирано или сушено овошје. Прелијте со мешавина од црвено вино и малку кисела вода. Почекајте сладоледот да почне да се топи и пијте како милкшејк


Без печење: Милка торта готова за само 30 минути

Потребни состојки:
  • 1 литар млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 3 пудинзи од ванила
  • 300 грама млечно Милка чоколадо
  • 100 грама бело Милка чоколадо
  • 500 мл слатка павлака
  • Бисквити
  • \
Подготовка:
Пудингот и шеќерот промешајте ги со неколку лажици млеко, а потоа смесата додајте ја во загреано млеко. Сварете го пудингот, а потоа смесата поделете ја на 2 дела.
Во едниот дел истопете го темното чоколадо, а во другиот белото.
Измиксирајте ја слатката павлака и ¼ ставете во белиот, а ¼ во темниот крем.
Земете плех или тава за печење, издробете ги бисквитите или наредете ги цели, па прелијте го белиот крем. Оставете малку за декорација. Одозгора ставете го темниот крем.
Преостанатиот бел крем кој го оставивте за декорација нанесете го врз темниот во вид на мали точки кои може да ги прошарате со чепкалка.
Оставете ја тортата да се олади во фрижидер или замрзнувач, па потоа послужете ја.
Може да декорирате со рендано Милка чоколадо или нешто друго по желба.

ЧОКОЛАДНА ТОРТА ГОТОВА ЗА 5 МИНУТИ

Потребно :
2 јајца
12 лажици шеќер
12  лажици млеко
12 лажици масло
2 лажици какао
12 лажици брашно
1 лажици рум
може и малку цимет
1 кесичка прашак за пециво