ЧОКОЛАДО, КАРАМЕЛА, КИКИРИКИ: ТОЛКУ БЕЗОБРАЗЕН СЛАДОЛЕД СЕУШТЕ НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ (РЕЦЕПТ)

Време е да ја отвориме сезоната за сладолед, а доколку сте од оние кои сакаат да се истакнуваат во кујната, ова е вистинскиот рецепт за вас.
Замислете вашето омилено чоколадо да го претворите во вкусен, кремаст ладен десерт.
Уште ако го украсите со чоколадни мрвици или карамел топинг, апсолутното задоволство е загарантирано.
За овој несекојдневен „сладок грев“ ќе ви бидат потребни следните состојки:
- 5 чоколадца (сникерс), 600 мл слатка павлака, 3 јајца
Најпрво подгответе садови за готвење на пареа. Искршете ги или исецкајте ги чоколадцата и ставете ги во горниот сад, а во долниот ставете вода и полека загревајте.
Додајте 300 мл слатка павлака, а потоа стопете ги чоколадите на средна температура. Ќе ви бидат потребни околу 15 минути за чоколадото целосно да се стопи. После тоа тргнете го садот од рингла и оставете да се олади.
За тоа време, одвојте ги жолчките од белките, а кога чоколадната смеса ќе се олади, ставете ги жолчките во неа и изматете ја чоколадата, а потоа додадете го остатокот од слатката павлака.
Белките изматете ги во цврст снег, а потоа додајте во смесата и со лажица измешајте со останатите состојки. После тоа, ставете ја смесата во садот и оставете ја во замрзнувач шест до осум часа.
Сладоледот сервирајте го во чаши за десерт, украсете го со кикирики и чоколаден или карамел топинг. По желба, можете да додадете и банани или некое друго овошје.

Без печење: Торта со три вида чоколадо



Потребни состојки:
  • 600ml слатка павлака
  • 150g темно чоколадо
  • 200g бело чоколадо
  • 200g млечна чоколадо
  • 1 шолја дробени бисквити
  • 3 лажички путер
Подготовка:
Растопете го темното чоколадо и во неа додадете 200ml слатка павлака. Оставете ја фрижидер околу 1 час за да се зацврсти смесата.
Во друга тава растопете го белото чоколадо со 200ml слатка павлака и неа ставете ја фрижидер.
Постапката повторете ја и со млечното чоколадо.
Во меѓувреме додека чекате да се зацврстат чоколадите, во тава припремете ја подлогата за тортата. Измешајте ги путерот и бисквитите и убаво пополнете ја целата површина на тавата. Откако ќе завршите со приготвувањето на подлогата, наредете го секој фил посебно.
По желба можете да додадете и шлаг и чоколадни трошки или некое овошје.

Рецепт за кремаст ролат

Изгледа фантастично.

Состојки:

500 г. јагоди
4 јајца
прстофат сол
150 г – 2 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
100 г. брашно
лажичка прашок за пециво
6 листови бел желатин
250 г. милерам
лажичка лимонов сок
300 + 250 г. шлаг

Подготовка:

Белките изматете ги со четири лажици студена вода, прстофат сол, 100 г. шеќер и ванила.
Додадете една по една жолчка и постепено мешајте го брашното со прашокот за пециво.
Тестото сипете го во тепсија (35 x 40 cm) обложена со мрсна хартија и печете 10 минути во рерна на 200 степени.
Печената кора преместете ја во кујнска крпа, сипете две лажички шеќер, изролајте и оставете да се олади.
За да направите овошен крем, половина од измиените и исчистени јагоди испасирајте ги во блендер, додадете 50 г. шеќер, сок од лимон и милерам.
Исцедените листови од желатин кои претходно сте ги потопиле во студена вода, загрејте ги на умерена температура, додадете го овошниот крем, промешајте, оладете 15 минути, а потоа измешајте 300 г. шлаг.
Ролатот одмотајте го, нафилувајте го со крем, повторно изролајте и оладете во ладилник три часа.
Преостанатите јагоди исечете ги на тенки кришки.
Ролатот премачкајте го со 250 г. шлаг, обложете го со јагоди и сервирајте.

Чоколаден чизкејк (торта од сирење)


За мене умешна домаќинка е таа која ќе го најаде семејството или успешно ќе пречека гости со мал буџет. Но, ете, не сум секогаш умешна и штедлива, па така беше и викендов. Тортава ја направив синоќа, а вечерва од неа има уште само 1/4. Веројатно тоа е добар повод да ја објавам овде...
Не е комплицирана за подготвување, освен што ви се потребни повеќе садови.
1. Интегрални кекси (користев со вкус на лешник) се основата, секако може да користите и обични, кршени јатки, овесни снегулки... Кексите ги искршив и ги измешав со растопен путер, па натапкав во калап за торта обложен со хартија за печење.
2. Во два посебни сада на тивок оган ги топев чоколадите. Млечното во 100 мил слатка павлака, а белото во 50.
3. Во посебни садови ги матев маскарпонето и остатокот од слатката павлака и на крајот ги споив.
4. Одвоив 2/3 и ги измешав во млечното чоколадо и кремот го потурив врз кексот.
5. Остатокот од слатката павлака и маскарпонето го измешав со белото чоколадо и тој крем го ставив врз кремот од млечно чоколадо.
6. Бидејќи пред некој ден се вративме од одмор, не забележав дека немам ништо за декорација па се послужив со едни колачиња кои ни останаа од одморот.
Нареден пат ќе ја направам тортава целата со бело чоколадо, но во еден дел ќе ставам боровинки или капини. Сигурна сум дека и така ќе не бендиса!

Омилениот вкус од детството: Рецепт за брзи рум штангли без печење


Одвојте 20 минути за нивна подготовка, а потоа уживајте со денови.
Состојки:
  • 300g компир
  • 300g мелени бисквити
  • 200g темно чоколадо
  • 140g маргарин
  • 200g шеќер во прав
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици рум (може да додадете и повеќе, по желба)
  • 1 лажица масло
Подготовка:
1 чекор: Сварете го компирот, исцедете го и испасирајте го додека не добиете пире. Додајте му 100g чоколадо и 100g маргарин. Мешајте додека не се растопат од топлината на компирот. Додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, какаото и 2-те лажички рум.
2 чекор: Формирајте тенок колач кој ќе го сечете на парчиња со дебелина од 2 сантиметри или обликувајте ја смесата со калапи. Оставете ја во ладилник додека го подготвувате преливот.
3 чекор: На тивок оган растопете го преостанатото чоколадо и 40g маргарин. Додадете 1 лажица масло и добро соединете ја глазурата. Извадете ги рум штанглите и прелијте ги или натопете ги во чоколадото. Ставете ги на послужавник и вратете ги во фрижидер уште 1 час.