Доколку сте љубители на слатки кои се повеќе освежителни одошто благи, овој рецепт е вистинското решение за вас. Освен што е неодоливо вкусен, е и навистина едноставен и лесен за правење.
Се што ви е потребно е сладолед од ванила (подгответе го самите, купете прашок за сладолед од најблиската продавница и изматете го) бисквити, банани и јагоди.
Постапката за приготвувањето е детално објаснета во фотографиите подолу.
Совети:
1. Откако убаво ќе го изматите сладоледот, разделете го на четири делови кои во подоцнежното приготвување ќе ги распределите еднакво.
2. Освен јагодите и бананите, овој десерт би бил уште повкусен и доколку во него додадете и некакви јаткасти плодови, како на пример сецкани ореви или лешници.
3. Откако ќе ги наредите сите состојки според прикажаниот редослед, оставете ја тортата во замрзнувач најмалку 2 до 3 часа за да се зацврсти.
Уживајте!
No comments :
Post a Comment