Баунти рецепт од 4 состојки, готов за 10 минути

Баунти се познати мали чоколади во чиј вкус уживаат сите оние кои ја сакаат комбинацијата од кокос и чоколада. Сакате ли да си ги приготвите сами? Испробајте го овој супер едноставен рецепт за кој ви се потребни само четири состојки и 10-ина минути.
Состојки:
-200 мл. пастеризирано млеко
-150 г. трошки кокос
-400 г. шеќер
-400 г. чоколадо

Подготовки:
1.Во сад истурете млеко и додадете ги трошките кокос.
2. Додадете шеќер и се заедно добро промешајте додека не добиете густа, кремаста смеса.
3. Пренесете ја смесата во калапи или во правоаголен сад, и ставете ја во фрижидерот се додека потполно не се олади.
4. Откако ќе се зацврсти извадете ја од калапите и исечете ја во правоаголни форми.
5. Едно по едно потопувајте ги целосно во однапред стопената чоколада и вратете ја во фрижидерот повторно да се олади и стврдне.
Уживајте во овој фантастичен десерт!

No comments :

Post a Comment