Состојки:
- 5 јајца
- 200 g чоколадо за готвење
- 150 g шеќер
- 125 ml слатка павлака
- 2 лажички ванилин шеќер
Подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките. Матете ги одвоено, во еден сад белките со 100 g шеќер, а во друг сад, слатката павлака. Во трет сад матете ги жолчките со 50 g шеќер и 1 лажичка ванилин шеќер.
Искршете го чоколадото и стопете го на тивок оган, па измешајте го во кремот кај жолчките. Добиената смеса измешајте ја со изматената слатка павлака и изматениот шлаг од белки. Вака добиениот чоколаден мус ставете го во сад, нарендајте му чоколадо и оставете го во фрижидер за да се излади.
Не правете голема количина, бидејќи цела ќе ја изедете, а сигурно не сакате да се поправите. Но, никако не избегнувајте да го пробате ова вкусно чоколадно задоволство кое ќе ви се стопи во устата.
No comments :
Post a Comment