Феноменален десерт за само 10 минути.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 300гр шеќер
* 2,5дл вода
* 250гр маргарин
* 100гр чоколадо
* 400гр бисквити
* 300гр сецкани печени кикирики
* 2 лажици мед
Состојки за глазурата:
* 100гр чоколадо
* 4 лажици масло
* 20гр маргарин
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете го шеќерот во водата, па додадете го маргаринот и чоколадото. Отстранете го садот од оган и додадете 400 грама ицкршени бисквити и 300 грама ситно сецкани печени кикирики. Топлата смеса ставете ја во плех, премачкајте ја со мед, па ставете ја глазурата.
Подготовка на глазурата:
На тивок оган истопете 150 грама чоколадо, 4 лажици масло и 20 грама маргарин. Со оваа глазура полиете го колачот.
No comments :
Post a Comment