Летен десерт: Брз и едноставен сладолед сендвич



Можеби до сега навикнавте единствено на солени сендвичи, но тоа не е изговор да не го пробате овој сладок и леден сендвич.
Изненадете ги најблиските и уживајте во вкусот:
Потребни состојки:
  • 2 кутии мачмалоу
  • 100 грама црна чоколада, исечкана на ситни парчиња
  • 100 грама бисквити                
  • 1 кесичка сладолед од ванила
  • Начин на подготовка:
    Наредете еден слој бисквити на тацна (по три бисквити во три реда).
    Исечкајте ги мачмалоу бонбоните на ситни парчиња и ставете ги во плех кој претходно ќе го обложите со фолија. Ставете го плехот во рерна на 10-15 секунди и штом забележите дека бонбоните се топат - извадете го и оставете го на собна температура.
    Сладоледот во прав изматете го според упатствата на кесичката, а потоа во смесата додајте ја сечканата чоколада и растопените мачмалоу бонбони.
    Со лажица црпете од смесата и внимателно редете ја врз претходно наредените бисквити, а потоа кога ќе завршите одозгора додајте уште еден ред бисквити.Откога ќе завршите, обложете го десертот со фолија и оставете го да се олади 2 до 3 часа во фрижидер.
     Потоа извадете го вашиот сладолед во сендвич, исчекајте го на парчиња и уживајте во единствениот вкус. 

No comments :

Post a Comment