Фереро Роше бомбици готови за 30 минути (Video) / Chocolate candy with nuts (Video)



Се вели дека најдобрите колачи се подготвуваат брзо и лесно, а ги содржат омилените состојки. Такви се бомбиците Фереро Роше од Нутела и лешници.
За нив потребни ви се само 5 состојки, а вкусот и задоволството се незаменливи.



Потребни состојки:

  • 100g лешник наполитанки
  • 150g лешници
  • 200g Нутела
  • 150g чоколадо за готвење
  • 4,5 лажички масло.
Начин на подготовка:
Искршете ги наполитанките, додајте ги исечканите лешници и Нутелата за да се соедини сè. Обликувајте ги бомбиците и ставете ги во фрижидер за да се изладат. Стопете го чоколадото за готвење на помала температура, па прелијте ги бомбиците. На крај може и дополнително да ги извалкате во издробени лешници.

No comments :

Post a Comment