Без печење: Милка торта готова за само 30 минути

Потребни состојки:
  • 1 литар млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 3 пудинзи од ванила
  • 300 грама млечно Милка чоколадо
  • 100 грама бело Милка чоколадо
  • 500 мл слатка павлака
  • Бисквити
  • \
Подготовка:
Пудингот и шеќерот промешајте ги со неколку лажици млеко, а потоа смесата додајте ја во загреано млеко. Сварете го пудингот, а потоа смесата поделете ја на 2 дела.
Во едниот дел истопете го темното чоколадо, а во другиот белото.
Измиксирајте ја слатката павлака и ¼ ставете во белиот, а ¼ во темниот крем.
Земете плех или тава за печење, издробете ги бисквитите или наредете ги цели, па прелијте го белиот крем. Оставете малку за декорација. Одозгора ставете го темниот крем.
Преостанатиот бел крем кој го оставивте за декорација нанесете го врз темниот во вид на мали точки кои може да ги прошарате со чепкалка.
Оставете ја тортата да се олади во фрижидер или замрзнувач, па потоа послужете ја.
Може да декорирате со рендано Милка чоколадо или нешто друго по желба.

No comments :

Post a Comment