Најпрво подгответе садови за готвење на пареа. Искршете ги или исецкајте ги чоколадцата и ставете ги во горниот сад, а во долниот ставете вода и полека загревајте.
Додајте 300 мл слатка павлака, а потоа стопете ги чоколадите на средна температура. Ќе ви бидат потребни околу 15 минути за чоколадото целосно да се стопи. После тоа тргнете го садот од рингла и оставете да се олади.
За тоа време, одвојте ги жолчките од белките, а кога чоколадната смеса ќе се олади, ставете ги жолчките во неа и изматете ја чоколадата, а потоа додадете го остатокот од слатката павлака.
Белките изматете ги во цврст снег, а потоа додајте во смесата и со лажица измешајте со останатите состојки. После тоа, ставете ја смесата во садот и оставете ја во замрзнувач шест до осум часа.
Сладоледот сервирајте го во чаши за десерт, украсете го со кикирики и чоколаден или карамел топинг. По желба, можете да додадете и банани или некое друго овошје.
Растопете го темното чоколадо и во неа додадете 200ml слатка павлака. Оставете ја фрижидер околу 1 час за да се зацврсти смесата.
Во друга тава растопете го белото чоколадо со 200ml слатка павлака и неа ставете ја фрижидер.
Постапката повторете ја и со млечното чоколадо.
Во меѓувреме додека чекате да се зацврстат чоколадите, во тава припремете ја подлогата за тортата. Измешајте ги путерот и бисквитите и убаво пополнете ја целата површина на тавата. Откако ќе завршите со приготвувањето на подлогата, наредете го секој фил посебно.
По желба можете да додадете и шлаг и чоколадни трошки или некое овошје.
Белките изматете ги со четири лажици студена вода, прстофат сол, 100 г. шеќер и ванила.
Додадете една по една жолчка и постепено мешајте го брашното со прашокот за пециво.
Тестото сипете го во тепсија (35 x 40 cm) обложена со мрсна хартија и печете 10 минути во рерна на 200 степени.
Печената кора преместете ја во кујнска крпа, сипете две лажички шеќер, изролајте и оставете да се олади.
За да направите овошен крем, половина од измиените и исчистени јагоди испасирајте ги во блендер, додадете 50 г. шеќер, сок од лимон и милерам.
Исцедените листови од желатин кои претходно сте ги потопиле во студена вода, загрејте ги на умерена температура, додадете го овошниот крем, промешајте, оладете 15 минути, а потоа измешајте 300 г. шлаг.
Ролатот одмотајте го, нафилувајте го со крем, повторно изролајте и оладете во ладилник три часа.
Преостанатите јагоди исечете ги на тенки кришки.
Ролатот премачкајте го со 250 г. шлаг, обложете го со јагоди и сервирајте.
За мене умешна домаќинка е таа која ќе го најаде семејството или успешно ќе пречека гости со мал буџет. Но, ете, не сум секогаш умешна и штедлива, па така беше и викендов. Тортава ја направив синоќа, а вечерва од неа има уште само 1/4. Веројатно тоа е добар повод да ја објавам овде... Не е комплицирана за подготвување, освен што ви се потребни повеќе садови. 1. Интегрални кекси (користев со вкус на лешник) се основата, секако може да користите и обични, кршени јатки, овесни снегулки... Кексите ги искршив и ги измешав со растопен путер, па натапкав во калап за торта обложен со хартија за печење. 2. Во два посебни сада на тивок оган ги топев чоколадите. Млечното во 100 мил слатка павлака, а белото во 50. 3. Во посебни садови ги матев маскарпонето и остатокот од слатката павлака и на крајот ги споив. 4. Одвоив 2/3 и ги измешав во млечното чоколадо и кремот го потурив врз кексот. 5. Остатокот од слатката павлака и маскарпонето го измешав со белото чоколадо и тој крем го ставив врз кремот од млечно чоколадо. 6. Бидејќи пред некој ден се вративме од одмор, не забележав дека немам ништо за декорација па се послужив со едни колачиња кои ни останаа од одморот. Нареден пат ќе ја направам тортава целата со бело чоколадо, но во еден дел ќе ставам боровинки или капини. Сигурна сум дека и така ќе не бендиса!